Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Првите 30.000 вакцини против грип пристигнаа во Македонија, вакцинацијата почнува меѓу 16 и 25 октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
korona-kovid-vakcina-vakcinacija
Илустрација

Набавката на вакцини против сезонски грип продолжува, а здравствените власти очекуваат во земјава да бидат обезбедени вкупно 80.000 дози. Првите 30.000 вакцини веќе пристигнаа, а почетокот на имунизацијата е планиран за периодот од 16 до 25 октомври, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

— реклама —

Во следните недели се очекува да пристигнат дополнителни количества. Според најавите, до 15 ноември треба да биде испорачана уште една пратка од 26.000 дози. Министерството за здравство, во меѓувреме, ја организира распределбата на вакцините во соработка со центрите за јавно здравје.

— реклама —

Клековски посочи дека пристигнувањето на првите дози овозможува вакцинацијата навреме да започне кај лицата со најголем ризик од компликации од сезонскиот грип. Тој најави дека и самиот ќе се вакцинира за да ги поттикне граѓаните да се пријават и да се заштитат.

Според министерот, имунизацијата во Македонија се очекува да започне порано отколку во некои соседни земји, каде што почетокот е најавен за ноември.

— реклама —

Граѓаните што сакаат да се вакцинираат треба да се пријават преку соодветниот модул во системот „Мој термин“. На овој начин здравствените институции ќе можат да го утврдат интересот за вакцинација и полесно да го организираат процесот.

— реклама —

Целта на Министерството е со пристигнувањето на дополнителните пратки да се достигне планираната бројка од 80.000 вакцини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Над 66 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип, има доволно вакцини за сите, уверува Клековски

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Над 55 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против грип, над 60 отсто од пријавените се постари од 65 години

Македонија | пред 2 седмици

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип

Македонија | пред 3 седмици

vakcina-vakcinacija-7

Првиот пациент од Србија прима руска персонализирана вакцина против рак: Пет месеци болнички третман во Москва

Магазин | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања