Промени тема
Контакт

ГРИП

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Околу 800 граѓани вакцинирани против сезонски грип од вчера до денес

Интересот за вакцинација против сезонски грип продолжува, а меѓу граѓаните кои доаѓаат во пунктовите за имунизација најбројни се повозрасните лица. Дел од нив велат дека вакцината ја примаат секоја година и дека тоа веќе им станало редовна практика.„Откако наполнив 60 години, секоја година доаѓам на вакцинација“, вели една граѓанка, додека други граѓани посочуваат дека ова им е трета година по ред како се вакцинираат.Лекарите забележуваат дека интересот расте и дека сè повеќе граѓани ја препозна

Скопје | пред 2 дена

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Над 55 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против грип, над 60 отсто од пријавените се постари од 65 години

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја прими вакцината против сезонски грип во Институтот за јавно здравје, од каде што започна и вакцинацијата на сите пунктови низ државата.Клековски посочи дека вакцинацијата е најдобра заштита од грипот, бидејќи го намалува ризикот од потешки форми на болеста, компликации и смртни исходи, особено кај лицата од ризичните групи.Од 14 октомври досега за вакцинација се пријавиле 55.535 граѓани, од кои повеќе од 60 отсто се постари од 65 години. Пријави

Македонија | пред 2 дена

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 21 октомври, приоритет ќе имаат ризичните групи

Вакцинацијата против сезонски грип се очекува да започне в среда, на 21 октомври, а приоритет ќе имаат најризичните категории граѓани, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски.Тој информираше дека Комисијата за имунизација денеска одржала состанок на кој биле утврдени приоритетите за спроведување на вакцинацијата. Според проценките, со дневна динамика од околу 1.000 вакцинации ќе се стигне до 15 ноември, кога се очекува да пристигне втората количина вакцини.„Приоритет прво имаат возрасните

Македонија | пред 1 седмица

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип

Речиси 25.000 граѓани досега поднеле пријава за бесплатна вакцинација против сезонски грип преку интернет-страницата vakcinacija.mk, покажуваат најновите податоци од системот „Мој термин“. Имунизацијата, според најавите, треба да започне во периодот од 16 до 25 октомври.Министерството за здравство информира дека е обезбедена првата пратка од 30.000 дози од вакцината GCFLU Multi inj., произведена од јужнокорејската компанија „GC Biopharma Corporation“.Станува збор за тривалентната вакцина на „GC

Македонија | пред 1 седмица

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Првите 30.000 вакцини против грип пристигнаа во Македонија, вакцинацијата почнува меѓу 16 и 25 октомври

Набавката на вакцини против сезонски грип продолжува, а здравствените власти очекуваат во земјава да бидат обезбедени вкупно 80.000 дози. Првите 30.000 вакцини веќе пристигнаа, а почетокот на имунизацијата е планиран за периодот од 16 до 25 октомври, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.Во следните недели се очекува да пристигнат дополнителни количества. Според најавите, до 15 ноември треба да биде испорачана уште една пратка од 26.000 дози. Министерството за здравство, во меѓуврем

Македонија | пред 1 седмица

grip

Изминатата недела нови 1.113 случаи на грип

Во периодот од 16 до 22 февруари во земјава се пријавени 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува намалување од 3,2 отсто во однос на претходната недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).Во однос на возрасната дистрибуција, 621 лица биле на возраст од 15 до 64 години, 185 биле деца на возраст од пет до 14 години, 164 – деца на возраст до четири години, а 143 биле лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца била регистрирана кај дец

Македонија | пред 7 месеци

grip

1 306 случаи на грип регистрирани во последната недела

Вкупно 1 306 случаи на грип или заболувања слични на грип се регистрирани во последната недела, односно во периодот од 2 до 8 февруари. Бројот на нови случаи на грип, како што соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), е 12,8 отсто помал во споредба со претходната недела.Најголем број новозаразени, односно 715 лица, се на возраст од 15 до 64 години, 228 од заболените се деца на возраст од 5 до 14 години, 184 заразени се деца на возраст од 0 до 4 години, а 179 се лица на возраст над 65 години. На

Македонија | пред 8 месеци

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Опаѓа бројот на заболени од грип, Андоновска предупредува: Ова не значи дека нема да има нов пик

Во текот на четвртата недела од 2026 година, кој што го опфаќа периодот помеѓу 19 и 21 јануари, во Македонија се пријавени 1708 случаи на заболување од грип и заболувања слични од грип, што е за 17,2% помалку во споредба со претходната недела, кога бројот беше 2062, изјави директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.„Во однос на возрасната дистрибуција, 1029 лица се на возраст помеѓу 15 и 64 години, 253 лица се на возраст над 65 години, 233 се децa на возраст помеѓу 5 и 14 год

Македонија | пред 8 месеци

skolo

Сезонскиот грип ги испразни училишните клупи во Тетово, над 600 ученици отсутни од настава

Второто полугодие во основните и средните училишта во Тетово започна со значително намален број ученици, откако околу 610 деца останаа дома поради сезонски грип и други вирусни инфекции. Според надлежните, најголем дел од отсутните се ученици од основното образование, но висок е и бројот на средношколци кои во моментов не ја следат наставата.Од секторот за образование информираат дека досегашните податоци укажуваат на до 400 отсутни ученици во основните училишта и околу 210 во средните, при што

Македонија | пред 9 месеци

grip

Грипот зема замав, пикот доаѓа

Состојбата со сезонскиот грип во Северна Македонија бележи забележително зголемување на бројот на заболени во почетокот на оваа сезона. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во периодот од 5 до 11 јануари се регистрирани 2.322 случаи на грип и грипоподобни заболувања, што претставува раст од околу 36% во споредба со претходната недела и двојно повеќе од истиот период лани.Властите се уште не прогласија национална епидемија, но епидемиолозите предупредуваат дека вирусот е активен на с

Македонија | пред 9 месеци

media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Грипот зема замав: над 2.300 заболени, болниците се полнат

Со почетокот на второто полугодие, македонските училишта се полни речиси со сите ученици, и покрај ширењето на грипот, изјавија од О.У „Кирил и Методиј“. Министерката за образование, Весна Јаневска, истакна дека стапката на новозаразени не го одложи почетокот на наставата, додавајќи дека учениците до 15 години имаат 900 часа помалку настава во однос на нивните врсници во Европската Унија.Медицинските ординации веќе се подготвуваат за зголемен број пациенти, а лекарите апелираат да се почитуваат

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст

Бројот на заболени од грип во земјава бележи значителен пораст, при што само во изминатата недела бројката на новозаразени е зголемена за 34 проценти. Од Институтот за јавно здравје информираат дека годинава порастот на заболени започнал порано од вообичаеното.Најголем број случаи се регистрирани во Скопје и Тетово, додека во Берово, Пехчево и Делчево досега не е евидентиран ниту еден случај. Според анализите, доминантен е вирусот Инфлуенца АХ3, но паралелно се регистрираат и случаи на ковид-19,

Македонија | пред 9 месеци

grip

Бројот на заболени од грип расте, но без основа за вонредни мерки: Второто полугодие за учениците ќе почне навреме!

Бројот на заболени од грип во земјава бележи раст, но состојбата засега е под контрола и не налага воведување дополнителни рестриктивни мерки, оценуваат здравствените власти.Во периодот од 5 до 11 јануари се евидентирани 2.322 случаи на грип, што претставува зголемување од 34,6 отсто во споредба со претходната недела. Според Драган Кочишки, раководител на Одделот за епидемиологија при Институт за јавно здравје, на национално ниво вирусот има средна активност.Тој појасни дека иако зголемувањето з

Македонија | пред 9 месеци

infektivna_klinika-610x400

Грипот ја зема првата жртва годинава, почина пациентка на Инфективна клиника

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 75-годишна жена. Кај неа лабораториски била потврдена инфлуенца А.Според директорот на клиниката, д-р Фадил Цана, починатата пациентка имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.Од Клиниката соопштуваат дека во моментов се хоспитализирани и други пациенти со тешка клиничка слика, при што доминираат повозрасни лица со компликации, главно со респираторно засегање. На Клиниката се лекуваат 25 пациенти.Институтот з

Македонија | пред 9 месеци

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Зголемен бројот на заболени од грип во Македонија – можно продолжување на зимскиот распуст

Во периодот од 29 декември до 4 јануари се регистрирани 1.725 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е повеќе од двојно во споредба со претходната недела, кога биле пријавени 771 случај. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), ова е петпати повеќе од истата недела минатата сезона, а зголемувањето во споредба со просекот од последните 15 сезони изнесува 38,7 отсто.Директорката на ИЈЗ, д-р Марија Андоновска, истакна дека во Македонија се бележи висок интензитет на вирусот

Македонија | пред 9 месеци

grip

Грипот коси, нови 1.725 случаи, можно одложување на почетокот на второ полугодие

Грипот се приближува до пикот.Регистрирани се 1.725 случаи заболени од грип или заболувања слични на грип во периодот од 29 декември до 4 јануари, што е за 2,2 пати повеќе споредено со претходната недела кога бројот на пријавени лица бил 771.Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, изјави дека има висок интензитет на вирусот на грип со очекување на натамошно зголемување во наредниот период. Според неа, ова не е ништо ново со оглед на периодот со празници, прослави и собира

Македонија | пред 9 месеци

grip

Алиу: Вакцинирани 77.000 граѓани – пикот на грипот се очекува за две до три недели

Сезоната на грип сè уште не го достигнала врвот, но пикот се очекува во следните две до три недели, изјави министерот за здравство Азир Алиу. Тој нагласи дека во овој период традиционално расте бројот на пациенти кои бараат здравствена помош поради грип, но моменталната состојба не е посериозна од претходните сезони.„Во моментов нема алармантно зголемување на случаите на сезонски грип во споредба со минатите години,“ рече министерот, додавајќи дека ситуацијата внимателно се следи.Алиу посочи дек

Македонија | пред 9 месеци

corona-virus-outbreak

Нов сој на грип стана доминантен во Европа, експлозија на случаи го оптоварува здравствениот систем

Нов доминантен сезонски сој на грип – подтипот A(H3N2) K – брзо се шири низ Европа и предизвикува силен и рано започнат бран на заболувања, поради што здравствените системи во повеќе земји веќе чувствуваат сериозен притисок. Светската здравствена организација (СЗО) предупредува на интензивниот раст на бројот на случаи и апелира граѓаните да се вакцинираат, јавува „Гардијан“.Според СЗО, најмалку 27 од 38 држави во европскиот регион во моментов бележат висока или многу висока активност на грип. Во

Свет | пред 10 месеци

media-librarylclhl6kn1v3j2FxZ14P

Почна „сезоната” на грип, стотина прегледи на деца дневно

Почна периодот на вируси и инфекции. Зголемен е бројот на деца со респираторни инфекци. Во детската болница Козле само дневно се вршат и по стотина прегледи, иста е сликата и ви другите ординации и клиники.Симптоми за вирусите се зголемена температура и отежнато дишење, се најчестите симтоми кај децата кои доаѓаат на лекар, а децата од јасли, градинка и школските деца се најмногу подложни на заболување.Загадениот воздух дополнително влијае негативно врз дишните патишта кај децата, а есента е про

Македонија | пред 11 месец

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Почна вакцинацијата против грип со комерцијалните вакцини, чини 700 денари

Почна вакцинацијата со комерцијалните вакцини во ЦЈЗ Скопје, а во текот на неделата ќе отпочне вакцинација и во другите центри за јавно здравје низ државата, информира Министерството за зцдравство.-Екипите на Центарот за јавно здравје - Скопје вршат вакцинација секој работен ден од 07:30 до 14:30 часот. Цената на комерцијалните вакцини изнесува 700 денари, се наведува во соопштението.Комерцијалните вакцини се наменети за граѓаните кои сакаат да се заштитат од сезонската вирусна инфекција, односн

Македонија | пред 11 месец

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип во Скопје

Лекарите советуваат, најдобра заштита оротив грип е вакцинирањето.Според податоците од Министерството за здравство, досега над 70 илјади граѓани се пријавиле за вакцина, а повеќе од 22 илјади веќе се вакцинирани низ државата. Вакцинацијата се спроведува во 35 пунктови, од кои пет се во Скопје, а пријавувањето се врши преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар.Интересот е особено голем кај лицата над 60 годишна возраст.Во поликлиниката Бит Пазар секојдневно се вакцинираат меѓу 50

Скопје | пред 11 месец

grip-12

Годинава поголем број на болни од грип отколку лани во истиот период

Според извештајот на ИЈЗ од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани  56 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела. Сепак, како што е наведено во извештајот, бројот на заболени од грип годинава е поголем, за разлика од ланската година во истиот периодЗа споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица - зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на модело

Македонија | пред 11 месец

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

МЗ набави 80.000 вакцини против сезонскиот грип, имунизацијата официјално стартуваше

Вакцинацијата против сезонски грип официјално почна денеска на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје, соопшти Министерството за здравство.До денес, преку апликацијата vakcinacija.mk се пријавиле 43.000 граѓани, а можноста за пријавување продолжува и во наредните денови.– Голем е одѕивот на граѓаните кои досега се пријавија за вакцина против сезонски грип. Задоволен сум од покажаниот интерес, а воедно сакам да потсетам дека и понатаму е отворена можноста за пријавување

Македонија | пред 1 година

grip-12

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Министерството за здравство информира дека од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu  или преку својот матичен лекар.Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6

Македонија | пред 1 година

jovica-andovski

Рекорден број на пријавени и вакцинирани лица против сезонски грип

„Годинава има одличен одѕив за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи население. Досега пријавени 75.712 лица, а вакцинирани се над 66.674 граѓани. Ова е рекорден број пријавени и вакцинирани лица, кои сакаат да се заштитат од посериозни компликации од грип“, истакна заменик министерот за здравство, Јовица Андовски на денешната прес-конференција.Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните кои се пријавиле за вакцинација, но заради некоја причина не добиле смс пор

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања