Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

1 306 случаи на грип регистрирани во последната недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
grip

Вкупно 1 306 случаи на грип или заболувања слични на грип се регистрирани во последната недела, односно во периодот од 2 до 8 февруари. Бројот на нови случаи на грип, како што соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), е 12,8 отсто помал во споредба со претходната недела.

— реклама —

Најголем број новозаразени, односно 715 лица, се на возраст од 15 до 64 години, 228 од заболените се деца на возраст од 5 до 14 години, 184 заразени се деца на возраст од 0 до 4 години, а 179 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца (190,6/100 000) е регистрирана кај децата на возраст од 0 до 4 години.

„Заболените лица се пријавени од: Скопје – 543, Прилеп – 146, Тетово – 110, Прилеп – 104, Струмица – 82 Битола – 76, Гевгелија – 56, Охрид – 48, Дебар – 46, Кавадарци – 36, Штип – 33, Куманово – 30, а во Велес, Кичево, Струга, Свети Николе, Радовиш, Гостивар, Кочани, Неготино, Ресен, Демир Хисар, Пехчево, Македонски Брод, Виница, Крива Паланка, Кратово, Берово и Крушево, бројот на заболени е помал од 30. Во Делчево, Валандово и Пробиштип нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип“, информираат од ИЈЗ.

— реклама —

Во текот на сезоната на грип досега се регистрирани четири починати лица асоцирани со грип.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

grip

Изминатата недела нови 1.113 случаи на грип

Македонија | пред 1 седмица

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Опаѓа бројот на заболени од грип, Андоновска предупредува: Ова не значи дека нема да има нов пик

Македонија | пред 1 месец

skolo

Сезонскиот грип ги испразни училишните клупи во Тетово, над 600 ученици отсутни од настава

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања