Грипот зема замав: над 2.300 заболени, болниците се полнат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Со почетокот на второто полугодие, македонските училишта се полни речиси со сите ученици, и покрај ширењето на грипот, изјавија од О.У „Кирил и Методиј“. Министерката за образование, Весна Јаневска, истакна дека стапката на новозаразени не го одложи почетокот на наставата, додавајќи дека учениците до 15 години имаат 900 часа помалку настава во однос на нивните врсници во Европската Унија.

— реклама —

Медицинските ординации веќе се подготвуваат за зголемен број пациенти, а лекарите апелираат да се почитуваат препораките и децата со симптоми да не посетуваат училиште или градинка.

— реклама —

Во Клиниката за респираторни заболувања се лекуваат 70 деца, од кои 10 се на кислород, а кај 15 е потврден грип, инфлуенца А. Во Клиниката за инфективни болести се лекуваат 30 пациенти.

— реклама —

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во последната недела се регистрирани над 2.300 новозаболени, што претставува зголемување од речиси 35% во однос на претходната недела. Во текот на сезоната двајца пациенти починаа од грип.

Наставниците и родителите се охрабруваат да ги следат препораките за заштита, а здравствените установи се подготвени за зголемен обем на работа во наредните недели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

grip

1 306 случаи на грип регистрирани во последната недела

Македонија | пред 1 ден

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Опаѓа бројот на заболени од грип, Андоновска предупредува: Ова не значи дека нема да има нов пик

Македонија | пред 2 седмици

skolo

Сезонскиот грип ги испразни училишните клупи во Тетово, над 600 ученици отсутни од настава

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања