Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Грипот ја зема првата жртва годинава, почина пациентка на Инфективна клиника

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
infektivna_klinika-610x400

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 75-годишна жена. Кај неа лабораториски била потврдена инфлуенца А.

— реклама —

Според директорот на клиниката, д-р Фадил Цана, починатата пациентка имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.

Од Клиниката соопштуваат дека во моментов се хоспитализирани и други пациенти со тешка клиничка слика, при што доминираат повозрасни лица со компликации, главно со респираторно засегање. На Клиниката се лекуваат 25 пациенти.

— реклама —

Институтот за јавно здравје бележи нагорен тренд на заболени од грип и заболувања слични на грип. Во првата недела од 2026 година, во периодот од 29 декември 2025 до 4 јануари 2026, биле пријавени 1.725 случаи или 2,2 пати повеќе во однос на претходната недела.

Највисока инциденца е забележана кај децата од 5 до 14 години.

Здравствените власти апелираат лицата од ризичните групи навреме да се консултираат со матичен лекар, да избегнуваат близок контакт со лица со симптоми и да ја разгледаат вакцинацијата како превентивна мерка, особено кај хронично болните и возраснте лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

grip

1 306 случаи на грип регистрирани во последната недела

Македонија | пред 1 седмица

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Опаѓа бројот на заболени од грип, Андоновска предупредува: Ова не значи дека нема да има нов пик

Македонија | пред 3 седмици

skolo

Сезонскиот грип ги испразни училишните клупи во Тетово, над 600 ученици отсутни од настава

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања