Промени тема
Контакт

Зголемен бројот на заболени од грип во Македонија – можно продолжување на зимскиот распуст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Во периодот од 29 декември до 4 јануари се регистрирани 1.725 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е повеќе од двојно во споредба со претходната недела, кога биле пријавени 771 случај. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), ова е петпати повеќе од истата недела минатата сезона, а зголемувањето во споредба со просекот од последните 15 сезони изнесува 38,7 отсто.

Директорката на ИЈЗ, д-р Марија Андоновска, истакна дека во Македонија се бележи висок интензитет на вирусот на грип и се очекува натамошно зголемување на бројот на заболени, особено со враќањето на децата во училишта.

– Пикот на грип се очекува во втората половина на јануари и првата половина на февруари. Затоа се разгледува можноста за продолжување на зимскиот распуст како мерка за намалување на ширењето на вирусот, рече д-р Андоновска.

— реклама —

Според возраст, најмногу заболени има кај децата од 5 до 14 години (618 случаи), следуваат лицата на возраст од 15 до 64 години (749 случаи), потоа деца до 4 години (229) и лица над 65 години (129).

— реклама —

Најголем број заболени се регистрирани во Скопје (716), Тетово (339), Куманово (150), Велес (109), додека во другите градови бројот е помал. Во некои општини, како Дебар, активноста на вирусот е многу висока, а во други, како Радовиш и Демир Хисар, е многу ниска.

Д-р Андоновска апелира до граѓаните да ги следат општите мерки за заштита: да избегнуваат собирања, често миење раце, проветрување на просториите, здрав начин на живот и останување дома доколку се заболени. Кај ризичните категории – деца, бремени жени, хронично болни и лица над 65 години – при појава на симптоми веднаш треба да се јават кај матичен лекар.

— реклама —

Според ИЈЗ, од почетокот на сезоната 2025/2026 до денеска се регистрирани 3.825 случаи на грип и слични заболувања, што е 2,8 пати повеќе од истиот период минатата сезона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

grip

Изминатата недела нови 1.113 случаи на грип

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
grip

1 306 случаи на грип регистрирани во последната недела

Македонија | пред 7 месеци

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Опаѓа бројот на заболени од грип, Андоновска предупредува: Ова не значи дека нема да има нов пик

Македонија | пред 7 месеци

skolo

Сезонскиот грип ги испразни училишните клупи во Тетово, над 600 ученици отсутни од настава

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања