Опаѓа бројот на заболени од грип, Андоновска предупредува: Ова не значи дека нема да има нов пик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Во текот на четвртата недела од 2026 година, кој што го опфаќа периодот помеѓу 19 и 21 јануари, во Македонија се пријавени 1708 случаи на заболување од грип и заболувања слични од грип, што е за 17,2% помалку во споредба со претходната недела, кога бројот беше 2062, изјави директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

— реклама —

„Во однос на возрасната дистрибуција, 1029 лица се на возраст помеѓу 15 и 64 години, 253 лица се на возраст над 65 години, 233 се децa на возраст помеѓу 5 и 14 години, 183 се деца на возраст помеѓу 0 и 4 години.

Во текот на четвртата недeла во оваа сезона, 2026 година, како што гледате, продолжува трендот на намалување на бројот на заболени, инциденцата на заболување на слични на грип и е на неделно ниво, што значи според податоците што ги имаме во моментот во Македонија, има среден интензитет на активност на вирусот. Остануваат и понатака да важат нашите препораки, кои што ги даваме за лицата да се заштитат, да се избегнуват собирања во простории (каде што има повеќе лица или доколку има нужно, неопходна потреба да бидат во такви простории, лицата да носат маска, посебно да водат сметка, ранливите категории, постарите, повозрасни лица, над 65 години, хронично болните, децата, трудниците, посебно да внимаваат на сопственото здравје, да се избегнуваат контакти со заболени лица или оние кои што покажуваат никакви симптоми.

— реклама —

Оваа сезона имаме регистрирани за сега три смртни случаи, а што се однесува до пикот, да приметувате дека имаме две недели намалување на бројките, но се уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот, бидејки минатата сезона имавме два пика. Можеби ова е првиот, може да е и последниот, но не значи дека нема да има нов пик и ново растење на бројките“, додаде Андоновска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

skolo

Сезонскиот грип ги испразни училишните клупи во Тетово, над 600 ученици отсутни од настава

Македонија | пред 1 седмица

media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Грипот зема замав: над 2.300 заболени, болниците се полнат

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања