Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Грипот коси, нови 1.725 случаи, можно одложување на почетокот на второ полугодие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
grip

Грипот се приближува до пикот.Регистрирани се 1.725 случаи заболени од грип или заболувања слични на грип во периодот од 29 декември до 4 јануари, што е за 2,2 пати повеќе споредено со претходната недела кога бројот на пријавени лица бил 771.

— реклама —

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, изјави дека има висок интензитет на вирусот на грип со очекување на натамошно зголемување во наредниот период. Според неа, ова не е ништо ново со оглед на периодот со празници, прослави и собирања.

„Пикот на грипот се очекува во втората половина на месецов и првата половина на февруари. Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека бројот на заболени од грип може да биде зголемен. Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип.Највисока инциденца е регистрирана кај деца на возраст од пет до 14 години”, рече Андоновска.

— реклама —

Таа препорача да се избегнуваат собири, престој во простории каде има голем број луѓе, да се избегнува контакт со заболени.Доколку е докажано дека некој има грип, треба да останат во домашни услови, да мируваат, да примаат симптоматска терапија препишана од матичен лекар.

Институт за јавно здравје ќе продолжи да ја следи состојбата во однос на тоа дали има пораст на заболени од грип. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе препорачаат одложување на почетокот на второто полугодие, Андоновска рече дека ќе ја следат состојбата и во зависност од бројките на заболени, ќе дадат препораки до Министерството за образование и наука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст

Македонија | пред 2 дена

grip

Бројот на заболени од грип расте, но без основа за вонредни мерки: Второто полугодие за учениците ќе почне навреме!

Македонија | пред 3 дена

infektivna_klinika-610x400

Грипот ја зема првата жртва годинава, почина пациентка на Инфективна клиника

Македонија | пред 3 дена

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Зголемен бројот на заболени од грип во Македонија – можно продолжување на зимскиот распуст

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања