Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Над 55 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против грип, над 60 отсто од пријавените се постари од 65 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
korona-kovid-vakcina-vakcinacija
Илустрација

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја прими вакцината против сезонски грип во Институтот за јавно здравје, од каде што започна и вакцинацијата на сите пунктови низ државата.

— реклама —

Клековски посочи дека вакцинацијата е најдобра заштита од грипот, бидејќи го намалува ризикот од потешки форми на болеста, компликации и смртни исходи, особено кај лицата од ризичните групи.

— реклама —

Од 14 октомври досега за вакцинација се пријавиле 55.535 граѓани, од кои повеќе од 60 отсто се постари од 65 години. Пријави има на сите 31 пункт низ државата, а до пладне биле вакцинирани 368 лица.

— реклама —

За пријавување, граѓаните треба да ја пополнат формата на vakcinacija.mk, по што ќе добијат СМС-порака со точниот датум, час и место за вакцинација.

Бесплатната вакцина е наменета за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од шест месеци до пет години. Лицата што припаѓаат на ризичните групи, а сè уште не се пријавиле, се повикуваат да го направат тоа што поскоро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Првите 30.000 вакцини против грип пристигнаа во Македонија, вакцинацијата почнува меѓу 16 и 25 октомври

Македонија | пред 1 седмица

vakcina-vakcinacija-7

Првиот пациент од Србија прима руска персонализирана вакцина против рак: Пет месеци болнички третман во Москва

Магазин | пред 10 месеци

Нема фотографија

Германец примил 217 вакцини против Ковид без негативни последици

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања