Промени тема
Контакт

Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
korona-kovid-vakcina-vakcinacija
Илустрација

Речиси 25.000 граѓани досега поднеле пријава за бесплатна вакцинација против сезонски грип преку интернет-страницата vakcinacija.mk, покажуваат најновите податоци од системот „Мој термин“. Имунизацијата, според најавите, треба да започне во периодот од 16 до 25 октомври.

— реклама —

Министерството за здравство информира дека е обезбедена првата пратка од 30.000 дози од вакцината GCFLU Multi inj., произведена од јужнокорејската компанија „GC Biopharma Corporation“.

— реклама —

Станува збор за тривалентната вакцина на „GC Biopharma“ за 2026 година, одобрена од Светската здравствена организација. Од Министерството наведуваат дека се исполнети строгите критериуми за квалитет и дека се обезбедени соодветните сертификати од производителот и од референтна лабораторија за контрола на квалитетот во рамките на мрежата ОМЦЛ.

Првата пратка е обезбедена преку заем во рамките на меѓународната соработка со УНИЦЕФ и Албанија.

— реклама —

Дополнителни 26.000 дози од францускиот производител „Санофи“ се очекува да пристигнат до 15 ноември, додека преговорите за обезбедување на преостанатите 24.000 дози сè уште траат.

Од Министерството за здравство посочуваат дека комисијата за имунизација ќе ги утврди приоритетните групи граѓани кои ќе имаат предност при вакцинацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Првите 30.000 вакцини против грип пристигнаа во Македонија, вакцинацијата почнува меѓу 16 и 25 октомври

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
vakcina-vakcinacija-7

Првиот пациент од Србија прима руска персонализирана вакцина против рак: Пет месеци болнички третман во Москва

Магазин | пред 10 месеци

Нема фотографија

Германец примил 217 вакцини против Ковид без негативни последици

Свет | пред 2 години

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Прва отштета за смрт предизвикана од вакцинација против Ковид

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања