„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

Бројот на заболени од грип во земјава бележи значителен пораст, при што само во изминатата недела бројката на новозаразени е зголемена за 34 проценти. Од Институтот за јавно здравје информираат дека годинава порастот на заболени започнал порано од вообичаеното.

— реклама —

Најголем број случаи се регистрирани во Скопје и Тетово, додека во Берово, Пехчево и Делчево досега не е евидентиран ниту еден случај. Според анализите, доминантен е вирусот Инфлуенца АХ3, но паралелно се регистрираат и случаи на ковид-19, како и инфекции со респираторен синцицијален вирус.

Највисока инциденца се забележува кај децата. Сепак, од Институтот за јавно здравје посочуваат дека засега нема потреба од воведување дополнителни мерки за заштита, ниту од продолжување на зимскиот распуст за учениците.

— реклама —

Како превентивна мерка, здравствените власти апелираат децата со симптоми на грип да не се носат во училиште или во градинка, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Во текот на неделата е регистриран и еден смртен случај од грип. На Клиниката за инфективни болести починала 75-годишна жена, која имала и други хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.

Истовремено, се зголемува и бројот на хоспитализации. На Инфективната клиника во Скопје моментално се хоспитализирани 25 пациенти, од кои неколку се на кислородна поддршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

grip

Изминатата недела нови 1.113 случаи на грип

Македонија | пред 5 дена

grip

1 306 случаи на грип регистрирани во последната недела

Македонија | пред 2 седмици

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Опаѓа бројот на заболени од грип, Андоновска предупредува: Ова не значи дека нема да има нов пик

Македонија | пред 1 месец

skolo

Сезонскиот грип ги испразни училишните клупи во Тетово, над 600 ученици отсутни од настава

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања