Бројот на заболени од грип расте, но без основа за вонредни мерки: Второто полугодие за учениците ќе почне навреме!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
grip

Бројот на заболени од грип во земјава бележи раст, но состојбата засега е под контрола и не налага воведување дополнителни рестриктивни мерки, оценуваат здравствените власти.

— реклама —

Во периодот од 5 до 11 јануари се евидентирани 2.322 случаи на грип, што претставува зголемување од 34,6 отсто во споредба со претходната недела. Според Драган Кочишки, раководител на Одделот за епидемиологија при Институт за јавно здравје, на национално ниво вирусот има средна активност.

— реклама —

Тој појасни дека иако зголемувањето започнало нешто порано од вообичаеното, бројките се типични за овој дел од зимата. „Се работи за очекуван сезонски пораст. Во моментов немаме индикации за мерки како продолжување на зимскиот распуст, но состојбата внимателно се следи“, изјави Кочишки.

— реклама —

Најголем дел од заболените се лица на возраст од 15 до 64 години, вкупно 1.378 случаи, додека највисока инциденца е регистрирана кај децата до четиригодишна возраст и кај групата од пет до 14 години. Истовремено, забележано е и зголемување на бројот на хоспитализации и кај децата и кај возрасните, но, како што нагласи Кочишки, болничките капацитети не се целосно исполнети.

Комисијата за заразни болести веќе одржала состанок и се очекува во наредните денови да излезе со препораки во согласност со епидемиолошката состојба.

Од аспект на превенцијата, здравствените експерти апелираат граѓаните да избегнуваат престој во затворени простории со голем број луѓе, особено доколку има лица со симптоми на респираторни инфекции. Се препорачува редовно проветрување и затоплување на просториите, носење соодветна облека, како и грижа за имунитетот. При појава на симптоми, се советува останување дома, а децата со знаци на акутно респираторно заболување да не се носат во градинка или училиште.

Најмногу случаи на грип се регистрирани во Скопје – 556, потоа следуваат Тетово со 308, Куманово со 266 и Охрид со 202 случаи. Во Берово, Делчево и Пехчево засега нема пријавени заболени.

Во текот на втората недела од годината е регистриран и еден смртен случај поврзан со грип. Станува збор за 75-годишна жена кај која бил лабораториски потврден грип од типот А и која починала на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Лабораторијата на Институтот за јавно здравје во истиот период анализирала 99 примероци, од кои 26 биле позитивни на грип, седум на респираторен синцициски вирус и еден на ковид-19. Од почетокот на октомври до 11 јануари вкупно се регистрирани 6.147 случаи на грип, што е зголемување за 2,6 пати во споредба со истиот период минатата година. Во земјава доминира вирусот на грип од типот АХ3.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Опаѓа бројот на заболени од грип, Андоновска предупредува: Ова не значи дека нема да има нов пик

Македонија | пред 6 дена

skolo

Сезонскиот грип ги испразни училишните клупи во Тетово, над 600 ученици отсутни од настава

Македонија | пред 1 седмица

media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Грипот зема замав: над 2.300 заболени, болниците се полнат

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања