Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 21 октомври, приоритет ќе имаат ризичните групи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Вакцинацијата против сезонски грип се очекува да започне в среда, на 21 октомври, а приоритет ќе имаат најризичните категории граѓани, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски.

— реклама —

Тој информираше дека Комисијата за имунизација денеска одржала состанок на кој биле утврдени приоритетите за спроведување на вакцинацијата. Според проценките, со дневна динамика од околу 1.000 вакцинации ќе се стигне до 15 ноември, кога се очекува да пристигне втората количина вакцини.

— реклама —

„Приоритет прво имаат возрасните над 65 години згрижени во институции, поради институцискиот карактер и поголемиот ризик за епидемија во микроуслови, а другите ризични групи ќе бидат опфатени според проценката на Комисијата“, изјави Клековски.

Тој нагласи дека вакцинацијата ќе се спроведува според досегашната методологија, без промени во начинот на работа и организацијата на процесот.

— реклама —

Министерот посочи и дека самиот припаѓа во ризична група и дека со задоволство ќе се вакцинира против сезонски грип.

— реклама —

Клековски ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на протоколот за децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски: Извршени 16 операции на повредените во Кочани со помош на израелски хирурзи

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски најави реформи во здравството: Повеќе лекови, обновени болници и реформа на итната помош

Македонија | пред 4 дена

media-library11695ido54t4e3J38oF

Македонија подготвува нов Закон за лекови, целта е усогласување со европските стандарди

Македонија | пред 5 дена

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Клековски: Новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест мора да се воведат безбедно и одржливо

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања