Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Левица: Пациентите остануваат без лекови додека Клековски тендерира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 25 минути -

Македонија
media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Пациенти на Клиниката за онкологија и радиотерапија утрово останале без дел од неопходната терапија, меѓу која и лекот Paclitaxel, тврди Левица, обвинувајќи за сериозни пропусти во снабдувањето со лекови и функционирањето на јавното здравство.

— реклама —

Од партијата велат дека добиле информации оти Клиниката за инфективни болести речиси никогаш не администрира тетанусен антисерум, иако, според нив, таа е единствената установа од терциерното здравство што треба постојано да го има на располагање. Левица обвинува и дека лековите за ретки болести се обезбедуваат преку очекувани донации од приватни веледрогерии, наместо преку редовно плаќање на набавките.

— реклама —
— реклама —

Според партијата, неплатените обврски на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување кон веледрогериите и приватните здравствени установи довеле до застој во снабдувањето, чиј товар го чувствуваат пациентите. Особено погодени, велат од Левица, се хронично болните и најранливите категории граѓани, кои се принудени да бараат лекови по аптеките, да ги набавуваат од странство или да се соочуваат со одложување на терапијата.

— реклама —

Левица бара Министерството за здравство и ФЗО јавно да ги објават точните долгови кон веледрогериите, да изработат оперативен план со државна веледрогерија и да понудат конкретен план за исплата на обврските кон приватните добавувачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Клековски: Нападот врз здравствен работник е кривично дело, предвидени се и затворски казни

Македонија | пред 5 минути

— реклама —
media-library1ddtkaarpg8r2SXC7II

Од јануари мамографија во Делчево, пациентките нема да мора да патуваат во Кочани

Македонија | пред 1 ден

media-libraryc2e6fk0mar0m3ltDNfE

Македонија и Турција потпишаа петгодишен протокол за соработка во здравството

Македонија | пред 2 дена

media-library3vpfth01mcl61IhxLif

Неонаталната смртност во Македонија намалена за 87 отсто: Предвремено родените бебиња имаат поголеми шанси за живот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања