Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Изминатата недела нови 1.113 случаи на грип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
grip

Во периодот од 16 до 22 февруари во земјава се пријавени 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува намалување од 3,2 отсто во однос на претходната недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

— реклама —

Во однос на возрасната дистрибуција, 621 лица биле на возраст од 15 до 64 години, 185 биле деца на возраст од пет до 14 години, 164 – деца на возраст до четири години, а 143 биле лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца била регистрирана кај децата на возраст до четири години.

— реклама —

Заболените лица се пријавени од 21 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 669, Струмица – 81, Прилеп – 61, Тетово – 50 Гевгелија и Охрид – 37, а во Битола, Куманово, Дебар, Струга, Кичево, Штип, Кавадарци, Неготино, Пробиштип, Гостивар, Радовиш,Свети Николе, Велес, Кратово, Македонски Брод, бројот на заболени е помал од триесет. Во Крушево, Валандово, Крива Паланка, Демир Хисар, Берово, Кочани, Ресен, Виница, Делчево и Пехчево, нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип, се додава во извештајот на ИЈЗ.

— реклама —

Во сезоната 2025/2026, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 14.984, според извештајот на Институтот.

Заклучно со осмата недела, во земјава биле вакцинирани вкупно 79.118 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

grip

1 306 случаи на грип регистрирани во последната недела

Македонија | пред 1 месец

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Опаѓа бројот на заболени од грип, Андоновска предупредува: Ова не значи дека нема да има нов пик

Македонија | пред 1 месец

skolo

Сезонскиот грип ги испразни училишните клупи во Тетово, над 600 ученици отсутни од настава

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања