Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нови директори на клиниките за гастроентерохепатологија, дигестивна и пластична хирургија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 35 минути -

Македонија
media-libraryvjacpebssptpawdiSA1

Три универзитетски клиники во Скопје добија нови директори. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ги прими новоименуваните раководители на Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за дигестивна хирургија и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

— реклама —

За директор на Клиниката за гастроентерохепатологија е именуван вонредниот професор д-р Владимир Андреевски, специјалист интернист и гастроентерохепатолог, кој досега раководел со Одделот за ендоскопија.

— реклама —

Клиниката за дигестивна хирургија ќе ја води асистентот д-р Панче Караѓозов, специјалист по дигестивна хирургија, со стручно усовршување во Виена и Истанбул.

За директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија е именуван асистентот д-р Благоја Србов, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија и асистент на Катедрата по хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје.

— реклама —

Клековски им посака успешна работа, нагласувајќи дека од новите раководители се очекува стабилно работење, воведување нови методи, скратување на листите на чекање и зголемување на довербата кај пациентите.

— реклама —

Министерот им се заблагодари и на досегашните раководители – проф. д-р Мери Трајковска, прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска-Павловска и проф. д-р Огнен Костовски. Тој ги истакна нивниот придонес во справувањето со последиците од трагедијата во Кочани, како и воведувањето четири нови методи на лекување на Клиниката за гастроентерохепатологија за време на раководењето на Трајковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library27mvo2rehh2nevFARlO

„Дрисла“ со нов директор — поранешниот градоначалник на Сопиште ја презема функцијата

Скопје | пред 11 месец

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања