Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Петти случај на морбили во Македонија, Клековски апелира децата со симптоми да не одат во градинка или училиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarynp3eitskmlv75n79jYx

Во Македонија е потврден петти случај на морбили, овојпат кај едноиполгодишно бебе, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. Досега болеста е регистрирана кај три бебиња, еден 45-годишен маж и еден државјанин на Косово.

— реклама —

Клековски информираше дека постои прелиминарна поврзаност меѓу случајот кај странскиот државјанин и трите домашни случаи, но конечната потврда ќе следува по епидемиолошката анализа на Институтот за јавно здравје.

— реклама —

Министерот ги повика граѓаните да проверат дали примиле две дози вакцина или ја прележале болеста, нагласувајќи дека вакцинацијата е најважна за заштита на најмалите, особено на бебињата под 12-месечна возраст, кои сè уште не можат да ја примат вакцината. Според него, присилните мерки не се решение, бидејќи можат да создадат дополнителен отпор кон имунизацијата.

— реклама —

Клековски упати апел до родителите децата со симптоми на морбили да не ги носат во градинка или училиште, туку најпрво да се јават кај лекар. Тој потсети дека вирусот е исклучително заразен и може да остане во воздухот до два часа, поради што престојот на заразени лица во чекалници и ходници претставува сериозен ризик.

— реклама —

Претставникот на Светската здравствена организација, д-р Аким Али, истакна дека целта е опфатот со вакцинација да достигне 95 проценти, што е потребното ниво за заштита на населението. Тој нагласи дека посебно внимание треба да им се посвети и на бремените жени, бидејќи инфекцијата може да предизвика вродени малформации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1a5f45ubap242imkjSY

Четири потврдени случаи на морбили во Македонија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarycmfero3caaa638E3h2Q

Опасност од нова епидемија на морбили, Клековски алармира: Само 62% од децата се вакцинирани

Македонија | пред 2 месеци

Andonovska-16.02

Се појавија морбили: Андоновска со апел до матичните, суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Морбилите можат да бидат смртоносни, вакцините единствена превенција од заразување

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања