Промени тема
Контакт

ПУЛС

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведокот Драги Илиевски истакна дека Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот, бидејќи се наоѓал во индустриска зона.Илиевски појасни дека дискотеката се наоѓала во зона Г2, наменета за лесна и незагадувачка индустрија, каде угостителска дејност од ваков тип не е дозволена.„Значи зоните не можат да се менуваат. Ме прашавте дали е направена пренамена, не е направена пренамена на тој обје

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.За денеска Обвинителството има предложено тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од општина Кочани.Одбраната на обвинетите денеска ќе треба да се изјаснат дали го прифаќаат повлекувањето на дел од сведоците предложени од Обвинителството откако Обвини

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Судењето против девет полицајци обвинети во случајот „Пулс“ повторно се откажува. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го повика судот да го одложи рочиштето поради нерешениот статус на обвинителката Ивана Алексова Трајчева, која ги поднесе обвиненијата.Советот на јавни обвинители моментално заседава за избор на нов шеф на Обвинителството, Ненад Савески, а за слободната функција во ОЈО ГОКК се пријавени 10 кандидати, вклучително и Алексова Трајчева, автор на три обвинени

Македонија | пред 6 месеци

media-librarygbpibifrp3cq37CXfW6

(Видео) Обвинетиот обезбедувач од „Пулс“: „Не сум монструм, спасив повеќе од 50 луѓе – не сум имал моќ да го спречам тоа што се случи“

Обезбедувачот Лазар Захариев, кој е меѓу обвинетите во случајот „Пулс“, во „Претрес со Ландов“ тврди дека не може да се смета за виновен за трагедијата, посочувајќи на, како што вели, долгогодишни системски пропусти и отсуство на можност да реагира.„Значи некој премолчувал дванаесет години на уште што не слушнавме какви аномалии имало, ја да се чувствувам за тоа што имам спасено педесет луѓе, а и не сум имал можност за јас тоа да го спречам“, изјави Захариев.На прашањето на новинарот Кристијан Л

Македонија | пред 6 месеци

media-librarymm2emq8qcfpe3j3rZ1c

(Видео) „Супорт Кочани“ една година подоцна: Од иницијатива до столб на поддршка за погодените од трагедијата

Една година по трагедијата во Кочани, иницијативата „Супорт Кочани“ објави видео компилација од сите активности што ги реализираше во изминатиот период, помагајќи им на повредените и на семејствата на настраданите.Од првиот ден по несреќата, волонтерите работеа деноноќно за да одговорат на потребите на граѓаните. Организираа хуманитарни акции, собираа финансиски средства, креираа апликации за донации и изработија веб-страница преку која се координираше помошта. Дел од активностите беа насочени и

Македонија | пред 6 месеци

media-librarygfnah23bkmb393Tcmih

(Видео) „Викаа 'Чичо Лазо помогни ми', тоа ни на хорор филм не постои“ – обезбедувачот од „Пулс“ за првпат проговори за хоророт во кобната ноќ

Обезбедувачот во дискотеката „Пулс“, Лазар Захариев, обвинет во судскиот процес за трагедијата во која згаснаа 63 животи, за првпат јавно говореше во „Претрес со Ландов“, опишувајќи ја драмата од критичната вечер и неговото гледиште за настаните.Во потресно сведоштво, Захариев раскажа дека сцените што ги видел, според него, биле полоши од хорор филм.„Луѓето беа во ситуација што на хорор филм не постои. Од внатре излегуваше чад, не се дишеше. Не можеш воздух да земеш. Беа испечени, рацете им беа

Македонија | пред 6 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

Обвинителството достави список за повлекување сведоци во случајот „Пулс“

Обвинителството денеска на сите обвинети за случајот „Пулс“ им го достави списокот со сведоци за кои предлага да бидат повлечени од постапката поради тоа што преку сведочењето на другите сведоци се утврдиле околностите. Обвинетите треба да се изјаснат дали го прифаќаат повлекувањето на сведоците до следното рочиште закажано за 25 март годинава.За следното рочиште Обвинителството предлага да бидат сослушани сведоците Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од општина Кочани.На д

Македонија | пред 6 месеци

media-library84b706f3fme4dHRFQMc

(🔴ВО ЖИВО) Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Една година по трагедијата во „Пулс“ – системот што требаше да научи, изгледа дека ништо не научил.Во „Претрес“ сведочи обвинетиот обезбедувач – за критичната ноќ, за хаосот, за пропустите и за вината која сè уште нема јасен одговор.Влегуваме во кочанската болница – местото каде што жртвите се бореа за живот. Наместо подобри услови – влага, распад и очај.Во противпожарната бригада – донации наместо систем, и „едно засилување“...СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Студио | пред 6 месеци

media-library5nvq9n3lpe655gdSgkx

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: ги спасуваше повредените и почина по исцрпувачка ноќ

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој несебично ги превезуваше повредените во трагичниот пожар во Кочани, е подигнато спомен-обележје како знак на благодарност за неговата пожртвуваност. Гоцевски почина по исцрпувачката работа, откако со часови непрекинато им помагаше на повредените.Долгогодишниот возач, во кобната ноќ беше меѓу првите што реагираа и направи повеќе возења, носејќи пациенти во тешка состојба и учествувајќи во координацијата на теренот. По завршувањето н

Македонија | пред 6 месеци

media-library11hj1q1b6vb63F0DugD

Штип добива „Фонтана на ангелите“

Општина Штип започна со реализација на проектот „Фонтана на ангелите“, спомен-обележје посветено на петте сограѓани кои трагично го загубија животот во несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Споменикот, кој ќе биде поставен на улицата „Кузман Јосифовски“, е замислен како симбол на вечноста и сеќавањето на „штипските ангели“. Според објавената информативна табла, инвеститор на проектот е Општината, а елаборатот за урбана опрема е веќе одобрен и подготвен за изведба.Ова обележје не е само архит

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Обезбедувањето мора да реагира за малолетници и ризици: сведочење на рочиштето за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, која детално ги образложи законските обврски и стандарди во оваа дејност.Таа посочи дека Министерството за внатрешни работи издава дозволи за вршење дејност врз основа на строго утврдени критериуми, по што компаниите имаат рок од шест месеци да започнат со работа. Дополнително, по вработувањето на лицата, во рок од 30 дена

Македонија | пред 6 месеци

Papazov

Обвинителството бара куќниот притвор на поранешниот градоначалник на Кочани да остане во сила

На минатото рочиште адвокатот на поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов побара укинување на притворот на својот клиент и определување мерки на претпазливост.Јавното обвинителство денеска се изјасни против барањето на поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, да му се замени мерката куќен притвор со мерки за претпазливост.„Јавното обвинителство во оваа фаза од постапката смета дека нема околности поради кои може да се укине мерката куќен притвор и да се замени со мерки за пр

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryuplk2n188a6j0zQBtCh

(Видео) Пожртвуваноста не се заборава: По 40 часа спасување животи – Делчево со траен белег за Иле Гоцевски, херојот од Кочани

Општина Делчево ќе уреди парк во чест на Иле Гоцевски, возач во Итната медицинска помош во Кочани, кој почина по повеќечасовна исцрпувачка работа при спасување на повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Истовремено, веќе е поставена и спомен-плоча во негова чест, информираше градоначалникот Иван Гоцевски.Тој посочи дека Иле Гоцевски бил меѓу првите на теренот утрото на 16 март, кога се одвивала драматичната борба за спас на младите повредени. По 40 часа непрекината, напорна и трауматич

Настани | пред 6 месеци

media-librarysrc2d954i2u44lDi3nS

Сопругата на херојот Илчо: Болката не поминува, само се учи да се живее со неа

Една година по трагедијата во Пулс – Кочани, сопругата на херојот од Брзата помош, Илчо Гоцевски, се огласи со емотивна порака за човекот кој го загуби по неговата пожртвуваност во спасувањето на повредените.Илчо, по потекло од делчевското село Звегор, кој живееше во Кочани, 32 часа без престан пренесувал пациенти од пожарот до скопските клиники. Вкупно 11 пати ја минал релацијата до Скопје, по што, исцрпен од напорот, легнал да одмори и не се разбудил.Неговата сопруга, Анета Демерџиева Гоцевска

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Во „Идризово“ продолжува процесот за една од најтешките трагедии во земјата

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.На претходното рочиште пред Судот беа сослушани двајца сведоци. Сведокот Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата за обезбедување „Рубикон“, и инспектор на ДЗС од подрачно одделение во Виница, кој кажа дека по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, увидн

Македонија | пред 6 месеци

media-librarysrc2d954i2u44lDi3nS

Делчево уредува парк во чест на херојот Иле Гоцевски и подигна спомен-плоча во негово име

Во Делчево ќе биде подигната спомен-плоча во чест на возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски кој почина по трагичната несреќа во Кочани, откако превезе голем број пациенти до болниците во Кочани и Скопје.Со длабока почит се сеќавам на нашиот сограѓанин Иле Гоцевски, возач во ИМП во Кочани, кој утрото на 16 март беше на првата борбена линија за спас на животите на повредените млади од дискотеката „Пулс“. По 40-часовната напорна и трауматична работа, тој починал на 17 март во својот дом.В

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryek3lmrkth4073ZBx96e

Штип со свеќи и „ѕвездено небо“ им оддаде почит на жртвите од „Пулс“

Штипјани вечеравечер на градскиот плоштад „Слобода“ им оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Mеѓу жртвите беа и пет штипјани.Комеморативната програма почна со поставување камен-темелник за спомен-обележје кај малата фонтана, а продолжи со палење свеќи и со симболично „ѕвездено небо“, кога присутните ги вклучија светилките од мобилните телефони.Имињата на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов, ќе бидат изграв

Македонија | пред 6 месеци

media-library7u7suong95an5qVXRcO

„Времето за мене застана кога ти си замина, децата што предвреме станаа возрасни, го чуваат твојот спомен“, вели таткото на Филип една година по трагедијата

Една година по трагедијата во Кочани, таткото на Филип Ивановски, Дејан, сподели емотивна и искрена порака на социјалните мрежи.Синче,Помина една година откако за последен пат се видовме на овој свет. Не знам многу ли е, малку ли е една година. Немам претстава за време бидејќи времето за мене застана кога ти си замина.Оваа писмо адресирано до тебе ќе го посветам на твоите другари,пријатели,другарки. На децата што прерано станаа возрасни и многу млади ја видоа темната, лошата страна на животот.Н

Коментари | пред 6 месеци

media-library6mqjsmo02e0vcIwt840

(Видео) „Луѓе како Андреј остануваат во песните, во сеќавањата и во љубовта што ја оставиле зад себе“ - емоции и спомени на годишнината од трагедијата во „Пулс“

Со солзи, тишина и длабока болка, денеска во Центарот за култура „Бели мугри“ се одржа комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“, со кој беше одбележана првата годишнина од страшната трагедија во т.н. кабаре „Пулс“.На комеморацијата беше споменат Андреј од ДНК, кој со својата љубов кон музиката, животот и луѓето околу себе остави спомени што засекогаш ќе живеат меѓу неговите најблиски и пријатели.„Во целиот тој ритам постоеше нешто што за него беше светло. Неговата Јана. Таа беше н

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryoiq77up0lucr1TTGuwK

(Видео) Емотивни зборови на комеморацијата за Панчо: Ќе го паметиме по тоа што има направено за музиката, културата, но и за луѓето кои беа дел од неговиот живот

На комеморацијата во Кочани, по азбучен ред се читаа имиња на жртвите, но и нивните соништа кои завршија во пожарот во „Пулс“ пред точно една година.Со зборови полни емоции и почит, на комеморацијата во Кочани беше оддадена почит на Панчо кој остави силна трага на музичката сцена и во срцата на сите што го познаваа.„Панчо беше голем другар, добар човек, кој бескомпромисно помагаше на сите, без да бара ништо за возврат. Постојано беше достапен, ако ти треба нешто, а на прво место му беше работата

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryina1o7bu5vr020M0riO

Таткото на Филип од ДНК: Времето поминува, но тагата и љубовта кон Филип остануваат исти: длабоки и вечни

Маријан Стевановски, таткото на Филип Стевановски, шефот на бендот на „ДНК“ од Штип, кој загина пред точно една година, на 16 март 2025 година, во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се огласи на социјалните мрежи со емотивна објава.Денес се навршува една година од трагедијата што се случи во т.н. дискотека „Пулс“ Кочани, во која го загубивме нашиот сакан син Филип Стевановски. Кога го пишувам овој текст за објавување си спомнувам за 15.03.2025 година во 20 и 15 часот, се слушнавме за после

Коментари | пред 6 месеци

media-libraryak3os2b710ufbz0OUqA

Филипче: Една година непребол, болка и тага – Кочани никогаш нема да ги заборави своите чеда

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку емотивна објава оддаде почит на жртвите од трагедијата во Кочани, потсетувајќи дека помина една година исполнета со огромна тага и празнина.„Алексова Стефанија, Атанасовски Мартин, Јорданова Сара, Стојанов Александар, Петров Александар, Минова Драгана, Алексова Сара, Џамов Јорданчо, Трајчев Иван, Ѓоргиев Џоко, Стевановски Филип, Коларов Александар, Величков Иван, Стојанов Андреј, Антова Ивона, Христовски Павел, Димитријев Диме, Насевски Никола, Наунова Надиц

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryqij6pe4h0vdk6E2iFiu

(Видео) Сеќавање за секој еден загубен живот од Пулс, раскажана секоја една приказна - тага и болка во Кочани...

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема. Не можевме да ги заштитиме од смртта, но можеме да го зачуваме споменот за нив, да споменуваме дека имаме чета ангели на небото, кои се молат за нас, и да се гордееме што ги имавме со нас на земјата како наши чеда, браќа и сестри, роднини, пријатели. Ова беше пораката од денешниот комеморативен настан „Ден на

Настани | пред 6 месеци

media-librarylhu8rh5t7kghaNnw55f

„Времето не лекува кога родител изгубил дете, куќата без тебе не е куќа”, таткото на Надица Наунова со емотивна објава

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на социјалните мрежи емотивно се огласи таткото на Надица Наунова, Александар Наунов, кој истакна дека времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете, и дека Надица ќе живее засекогаш во неговото срце и душа.„Ќерко моја, ѕвездо моја која сјае на небото…Денес помина точно една година откако те нема, а болката е иста како првиот ден. Времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете. Таа рана само учи како д

Коментари | пред 6 месеци

media-library22140u4d9efv04wT6HZ

(Видео) Имињата кои никогаш нема да се заборават…

Во рамки на одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во Паркот на Револуцијата во Кочани беа поставени 63 бели столчиња како симболичен спомен на загинатите.За време на настанот, со трепет во гласот, водителите ги прочитаа имињата на сите загинати, потсетувајќи дека нивниот спомен никогаш нема да се заборави.Нивните имиња остануваат врежани во душата на Кочани и цела Македонија:Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања