Промени тема
Контакт

На судењето за Пулс: Инспекторка призна дека не го контролирала “Пулс”, оти работел под нова фирма, а за неа немала налог од градоначалникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина од Општина Кочани, која изјави дека во 2022 година утврдила дека објектот работи под друго правно лице, но не извршила дополнителен надзор.

— реклама —

Таа појасни дека во рамки на годишниот план за инспекциски надзор го контролирала кафе-барот „Класик“, при што било утврдено дека правниот субјект „Класик ДМ“ ДОО, на кој му бил одобрен елаборатот, веќе не функционира.

И покрај сознанието дека деловните објекти работат под нов назив, инспекторката не спровела повторна контрола, оценувајќи дека станува збор за субјекти кои немаат значително влијание врз животната средина.

— реклама —

Во своето сведочење таа истакна дека инспекциските надзори се вршат според годишни планови, врз основа на проценка на дејноста и влијанието врз животната средина, а нивното одобрување од страна на градоначалникот го оцени како административна процедура. За вонредни контроли, како што наведе, е потребен налог од градоначалникот или од општинскиот секретар.

— реклама —

Инспекторката додаде дека досега не добила налози за контрола на кабаре-клубови, посочувајќи дека ваквите објекти најчесто поднесуваат елаборати поради бучава.

На рочиштето сведочеа и преживеани од трагедијата, кои изјавија дека пожарот се проширил за околу 30 секунди, предизвикувајќи паника и стампедо кон единствениот излез. Според нивните искази, пожарот настанал по активирање пиротехнички средства.

— реклама —

Пожарот во дискотеката „Пулс“, кој се случи на 16 март 2025 година, однесе 63 животи, а над 200 лица беа повредени. Судењето е во фаза на доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевски, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања