Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Кочани - Дом за стари лица, реконструкција на булевар и стипендии за студенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
Kocani-960x540-1

Општина Кочани во изминатите 11 месеци реализирала и започнала повеќе проекти во инфраструктурата, социјалната заштита и поддршката на младите, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу позначајните инвестиции е реконструкцијата на булеварот „Теодосија Паунов“, во должина од 1.040 метри, за која се издвоени 88 милиони денари. Од оваа сума, 85 милиони денари се обезбедени од Министерството за транспорт.

— реклама —

Досега се изведени атмосферската канализација, тротоарот и велосипедската патека, а поставен е и завршниот асфалтен слој на едната коловозна лента.

— реклама —

Во Кочани започнала и изградбата на дом за стари лица, проект чија вкупна вредност изнесува околу 247 милиони денари. Од нив, државата учествува со 200 милиони денари, додека Општина Кочани обезбедува околу 47 милиони денари.

Со изградбата на објектот се очекува да се создадат подобри услови за згрижување на повозрасните граѓани и за обезбедување достоинствен живот во староста.

— реклама —

Поддршката за младите е уште еден од приоритетите на локалната самоуправа. За академската 2025/2026 година доделени се стипендии за 31 студент, во износ од 4.000 денари месечно во период од 10 месеци.

Дополнително, за спортските клубови и младите спортисти се обезбедени повеќе од 7 милиони денари, со цел поддршка на спортските активности и развојот на младите таленти.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека инвестициите во инфраструктурата, социјалните услуги и младите се дел од заложбите за подобрување на условите за живот и отворање нови можности за граѓаните на Кочани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

media-librarymg4hvid9deuccAiKZrS

„Одолжувањето нема магично да создаде аргументи“: Реакција за судењето за трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања