Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Супорт Кочани“ една година подоцна: Од иницијатива до столб на поддршка за погодените од трагедијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarymm2emq8qcfpe3j3rZ1c

Една година по трагедијата во Кочани, иницијативата „Супорт Кочани“ објави видео компилација од сите активности што ги реализираше во изминатиот период, помагајќи им на повредените и на семејствата на настраданите.

— реклама —

Од првиот ден по несреќата, волонтерите работеа деноноќно за да одговорат на потребите на граѓаните. Организираа хуманитарни акции, собираа финансиски средства, креираа апликации за донации и изработија веб-страница преку која се координираше помошта. Дел од активностите беа насочени и кон здравствените установи, со донации за болницата, како и обезбедување креми и неопходни средства за третман на повредените.

— реклама —

„20.03.2025 – На овој ден пред една година се роди иницијативата ‘Support Kocani’. Од идеја да се помогне, до организација која сè уште неуморно работи за подобро Кочани. Фала ви на сите кои на било кој начин помогнавте на засегнатите од трагедијата во Кочани. И на сите кои помогнавте ‘Support Kocani’ да опстои“, стои во нивната објава.

— реклама —

Видео-компилацијата е потсетник за солидарноста која се мобилизираше по трагедијата, но и за континуираната борба на граѓанските иницијативи да ги ублажат последиците таму каде што институциите често доцнат или изостануваат.

„Супорт Кочани“ денес претставува пример како од спонтан граѓански ангажман може да израсне организирана структура што носи конкретна помош и надеж.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

puls-38

Над 2 милиони денари данок платени на државата од „Супорт Кочани“, за донираните 22 милиони денари

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-library2r35arh9fqlic653vUp

Угостителите да имаат дигитален пасош, а детекторите за пожар да им се поврзани со Противпожарна бригада, бараат „Супорт Кочани“

Македонија | пред 10 месеци

media-librarymoetlkn2tpro8cTzT7n

Support Kocani донираше компресивна облека вредна 452.537 денари за повредените во ,, Пулс”

Македонија | пред 11 месец

media-libraryuorbk132jig6f1GgSaZ

(Видео) „Супорт Кочани“:Собравме и поделивме 11 милиони денари на 137 лица

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања