Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Над 2 милиони денари данок платени на државата од „Супорт Кочани“, за донираните 22 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
puls-38

Иницијативата Support Kocani ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации, отворена по трагичниот настан што го погоди Кочани, при што значаен дел од средствата повторно завршија како персонален данок на доход во државниот буџет.

— реклама —

Во рамки на третата распределба, финансиска помош добија вкупно 142 лица кои претходно поднеле и потпишале изјава за потреба од поддршка. Средствата беа распределени според утврдени критериуми и донаторска одлука, но од вкупниот бруто-износ беше задржан и платен персонален данок.

За оваа распределба, по основ на персонален данок на доход (ПДД), биле уплатени 315.292 денари. Со тоа, заклучно со третата распределба, вкупниот износ на платен персонален данок за сите три распределби достигна 2.274.285 денари, од вкупни бруто-донации во износ од 22.742.997 денари.

— реклама —

Сите средства за третата распределба потекнуваат од донација обезбедена од Македонската православна епархија за Европа, при што трансакцијата била ослободена од банкарска провизија од страна на НЛБ Тутунска банка. Вкупно донираните средства за оваа фаза изнесуваат 3.153.204 денари бруто.

— реклама —

Според распределбата, 123 лица добиле по 15.968 денари, додека 19 лица добиле по 45.992 денари, при што исплатите се извршени по одбивањето на персоналниот данок.

Од Support Kocani потсетуваат дека и во првата и во втората распределба бил применет ист принцип – средствата биле директно префрлани на сметките на најпогодените лица, а целиот процес бил јавно документиран и достапен за увид. Истовремено, нагласуваат дека иако донациите имаат хуманитарен карактер, тие подлежат на оданочување, што резултира со значителен прилив на средства во државниот буџет.

— реклама —

Иницијативата останува посветена на транспарентност и отчетност, но податоците покажуваат дека значаен дел од хуманитарната помош за Кочани завршува како даночна обврска, што повторно го отвора прашањето за даночниот третман на донациите за настрадани граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryirk9uj09chmu2e8ssZU

(Видео) „Вие имате право на одбрана, нашите деца немаа право на втора шанса“: Таткото на Надица Наунова по судењето за „Пулс“

Македонија | пред 33 минути

— реклама —
media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Полицајците од Пробиштип не знаеле дека ќе учествуваат во контрола на дискотеката „Пулс“, тврди сведок на судењето

Македонија | пред 21 час

IMG_5572

„Стручна самодисквалификација“: Марковски ги оспори наодите на вештакот на одбраната, Деко предложил 16 сведоци, меѓу нив и неговата ќерка

Македонија | пред 1 ден

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на Шилегов: Случајот не може да се споредува со други предмети

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања