Промени тема
Контакт

Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

„Здружението на граѓани 16ти Март 2025“ на социјалните мрежи реагираше во врска со барањето на одбраната на Дејан Јованов -Деко, првообвинетиот за пожарот во „Пулс“, кој е сопственик на т.н. дискотека, тој да оди во куќен притвор.

„Како семејства на починатите млади лица, ова барање го доживуваме како навреда за нашата болка и понижување на споменот на нашите деца. Додека ние живееме со празни домови, со недопрени соби и со тишина што нè гуши секој ден, наместо одговорност гледаме упорни обиди за бегство од тежината на одговорноста.

Особено загрижува фактот што олеснување на мерките веќе е дозволено кај поголем дел од обвинетите, што создава чувство дека оваа трагедија се минимизира и дека човечките животи стануваат споредна работа.

Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови. Додека ние секој ден ја преживуваме истата ноќ, некој бара удобност. Дали воопшто се запрашавте – имаа ли нашите деца "олеснителни услови" додека умираа?

— реклама —

Имаме доверба дека Јавното обвинителство и судот ќе постапат строго согласно закон и врз основа на докази, и дека нема да дозволат правдата да биде обесмислена со вакви барања.

Затоа јавно и директно го прашуваме обвинетиот Дејан Јованов Деко:

Со кое лице бараш олеснување на мерките, додека 63 семејства секој ден ја преживуваат истата загуба?

Дали навистина сметаш дека твојата здравствена состојба е потешка од празнината што остана во нашите домови?

— реклама —

Дали барем еднаш помисли на тие 63 животи кога го поднесуваше ова барање?

Дали помисли на повеќе од 200 повредени, кои и денес се борат со последиците?

Дали знаеш колку од нас, семејствата на починатите и преживеаните, сè уште живеат со трауми, болка, страв и неизвесност?

Што им порачуваш на нашите семејства, на преживеаните, кои секој ден повторно и повторно ја преживуваат истата ноќ?

— реклама —

Дали сметаш дека нашата болка е помала од твојата?

Дали воопшто може и да ја споредиш?

Што значи за тебе човечност, морал, совест и одговорност?

Дали имаш храброст да застанеш пред родителите и семејствата на починатите млади лица и пред повредените, и да им погледнеш во очи?

— реклама —

Ние не бараме пресуда на улица.

Бараме правда во судница.

И ќе ја бараме – сè додека не ја добиеме“, стои во објавата.

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко бара да излезе од затвор и да оди во куќен притвор, се жали дека здравјето му е „сериозно и алармантно влошено“

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште побара од судот притворот да му биде заменет со куќен притвор, повикувајќи се на сериозно и алармантно влошување на неговата здравствена состојба.Адвокатката Ивана Коцевска во судницата истакна дека мерката притвор не ја исполнува својата цел и дека, наместо средство за обезбедување присуство, во конкретниот случај претставува казна пред донесувањ

Македонија | пред 5 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања