Македонија

Русковска се огласи за прекинот на казната на Кичеец и сообраќајката, смета дека не е ништо нејзина надлежно

Зоран Милески кој беше осуден на три години затвор во еден од најголемите случаи Рекет, доби прекин на издржување на казната поради тахикардија. Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за РСЕ вели дека тие како обвинителство немаат никакви ингеренции во извршување на санкциите.

„Видете, прво како човек не само како обвинител, стварно многу ме погоди сообраќајната несреќа што се случи каде загина човек. Тројца или четворица се тешко повредени. Во тој дел Обвинителството нема ингеренции во извршување на санкциите. Значи нашето завршува кога ќе добиеме правосилна пресуда, односно работата на Обвинителството. Се понатаму е во доменот на извршување на санкции. Така што за тоа ќе треба да го прашате директорот на затворот што го одобрил прекинот.

Не сум ја видела документацијата да знам дали бил оправдан прекинот или не. Наше мислење се бара само доколку прекинот е подолг од 30 дена и тогаш на увид ни се доставува или медицинска документација или било што за да даде свое мислење и да се произнесеме по предлогот за прекин на казната. Вака јас немам видено и не можам да знам дали е стварно оправдан тој прекин или не“, вели Русковска.

На почеток