Македонија

Студентите од Тетово во вторник најавуваат протест, имаат 14 барања

Во вторник, 18 декември, во 12:30 часот студентите од Тетово најавија протест. Како што се наведува во најавата за протестот со наслов „Протестирај со студентите!!!“ (Protesto me Studentët!!!), студентите од Тетово повикуваат на напуштање на предавањата и протест за иднината, како на сегашните студенти така и за иднината на децата. Збирното место е градскиот плоштад во Тетово, од каде што студентите планираат да ја започнат својата борба.

Во своето известување објавено на страницата на „Фејсбук“ наречена „Револтирани студенти“ (Studentët e Revoltuar) тетовските студенти наведуваат дека барањата се упатени кон Министерството за образование, раководствата на универзитетите и власта.

Под фотографија на која пишува „Ние сакаме молив и тетратка, не сакаме насилство“, наведени се 14. барања на студентите, кои ви ги пренесуваме интегрално.

1. Прекин на условувањата за купување книги за потпис од страна на професорите;

2. Субвенционирање или отстранување на плаќањето на 8-неделната пракса од страна на универзитетот (50 евра);

3. Субвенционирање на плаќањето на професионалната екскурзија или нејзино отстранување како задолжителен предмет;

4. Намалување на тарифата за странските студенти (50%);

5. Објавување на статутот на универзитетот и извештајот за евалуација кој студентите го прават за професорите да биде на страницата на универзитетот;

6. Подобрување на основните услови во лабораториите и предавалните;

7. Прегледување на академските титули и верификација на плагијатурите;

8. Ревизија на земањето академски титули на секој професор на раководна позиција. Дали бил почитуван законот, времето кое треба да помине од една титула до друга и научните трудови на приватните и државните универзитети?

9. Департизација на универзитетот (отстранување на политичките партии од универзитетите);

10. Кој е статусот на Студентскиот парламент? Дали тој функционира како независна организација или е под ингеренции на универзитетот?

11. Годишните плаќања од страна на студентите за студентските сојузи, колку од тие средства во една година им се враќаат на студентите?!

12. Исто однесување од страна на професорите кон сите студенти, независно од роднинските (пријателските, фамилијарните) врски;

13. Отстранување на професорите што се осудени со судска пресуда за некое кривично дело;

14. Ставање крај на дискриминацијата на жените и нивното условување со безобразни акти во замена за оценка.

Njoftim!Njoftojmë opinionin studentor, arsimdashësh dhe atë publik,se ngjarjet e fundit nëpër të gjitha universitetet…

Posted by Studentët e Revoltuar on Thursday, December 13, 2018

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток