Членовите и приврзаниците на движењето „Македонија блокира“ информираат дека денес во 14:00 часот ќе протестираат во Прилеп на плоштадот „Александар Македонски“.
Исто така во недела (16 декември) со почеток од 13:00 часот ќе биде блокиран магистралниот пат Охрид-Струга кај селото Мислешево.
„Отпорот започнува да се шири во цела Македонија!
Во сабота, 15 декември во 14:00 часот протест во Прилеп, плоштад „Александар Македонски“.
Во недела, 16 декември во 13:00 часот ќе биде блокиран магистралниот пат Охрид-Струга кај селото Мислешево.
Започнува финалната битка со марионетската власт во Скопје која сака да избрише се што е македонско. Потребно е масовно присуство. Оваа битка за одбрана на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ е света должност за секој Македонец“, стои во објавата на совијалната мрежа Фејсбук.