Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски и пратеникот Владимир Ѓорчев се простија од градочаланикот на Охрид Јован Стојаноски кој утрово почина откако доживеал тежок инфаркт.
„Со неверување и тага ја примивме веста за твоето прерано заминување.
Беше мој, долгогодишен другар, наш соборец!
Остави своја животна трага по која ќе те паметиме, по добро.
Почивај во мир! Сочувство до семејството Стојаноски, за големата загуба“, напиша Кирацовски.
„Сочувство до семејството за прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски (48).
Вечна му слава, Бог да го прости“, напиша Ѓорчев.
Со неверување и тага ја примивме веста за твоето прерано заминување. Беше мој, долгогодишен другар, наш…
Posted by Aleksandar Kiracovski on Saturday, December 15, 2018
Сочувство до семејството за прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски (48). Вечна му слава, Бог да го прости.
Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Saturday, December 15, 2018