Македонија

181 санкционирани возачи во Скопје, 61 за брзо возење, 30 под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 30 за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за нерегистрирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток