Скопје

Данела Арсовска: Ќе воведеме бесплатен јавен превоз за скопјани

Независната кандидатка за граоначалник, Данела Арсовска, на социјалните мрежи објави дека Скопје ќе да биде модерен град достоен за живот.

„Јас не се кандидирам за политичар.
Јас се кандидирам за менаџер на градот.
Денеска го означив почетокот на мојата изборна кампања, на трката да станам првата жена, независен градоначалник на Скопје.
Подготвена сум да обезбедам брзи проекти и сигурни решенија за Скопје, знам како да го направам тоа. Мојата програма содржи 15 плус еден главен проект за Скопје да биде модерен град достоен за живот. Од заживување на Скопје како културно жариште до одржливо решение за сообраќај. За да успееме Скопје да биде модерен град мора да го менуваме.
Ќе имплементираме реални проекти, ќе воведеме бесплатен јавен превоз за скопјани, Скопје ќе го направиме град на фестивали, ќе го заштитиме нашето зеленило и природа, но ќе креираме и нови паркови, рекреативни области во секоја општина. Ќе го вратиме сјајот на сите заборавени места во нашиот град“, стои во објавата на Фејсбук.

На почеток