Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, како дел од програмата за работа.
За реализација на оваа програма утврдена е препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје, како носител на реализацијата на проектот, a во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи да подготви и достави предлог листа на локации oд интерес за туристи, за обезбедување бесплатен државен WiFi.
До крајот на април 2022 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе се одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен WiFi на одобрените локации, информираат од владината прес-служба.