Македонија

Маж се задуши од чад, со сопругата палеле гранки

Маж се задуши од чад откако заедно со својата сопруга запалиле гранки во нивната бавча во ресенското село Претор.

Полицијата соопшти дека несреќата е пријавен вчера попладне дека настанал пожар во близина на шумска куќа на Јавно претпријатие „Национални шуми“, во атар на с.Претор. Горела сува трева и стрниште.

„Полициски службеници и Јавен обвинител излегле на местото и го пронашле починат М.Л.(62) од с.Претор, а смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош. По преземени мерки било констатирано дека М.Л. и неговата сопруга Н.Л.(56) запалиле гранки во нивна бавча на место викано „Крива нива“ од што настанал пожар, а од густиот чад М.Л. паднал во безсознание, по што бил извлечен од огнот, но веќе бил починат“, стои во соопштението на полицијата.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

На почеток