Денеска (28.09.) во периодот од 13 до 19 часот полициски службеници од СВР Штип спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Штип, при што санкционирани се 105 возачи. Од нив 48 на територија на Штип, 17 на територија на Кочани, 15 на територија на Свети Николе… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.