Нема потреба од пролонгирање на рокот за спроведување на пописот, бидејќи целиот процес ќе биде комплетиран навреме, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за ТВ21 .
Дел од граѓаните се жалат дека попишувачите воопшто не дошле во нивните домови
Симовски вели дека е разбирливо некој да остане последен попишан и додава дека е среќен што граѓаните реагирале што попишувачите сѐ уште не ги посетиле.
Oд Владата соопштија дека не е разговарано за пролонгирање на пописот, и дека ДЗС ќе го има последниот збор.