Македонската асоцијација на новинари (МАН) му го честита изборот на Младен Чадиковски за претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
„Се надеваме дека со новото раководство ЗНМ ќе се фокусира на вистински реформи во медиумската сфера, заштита на новинарите од притисоци и подигнување на новинарските стандарди во работењето, што досега не беше случај“, стои во соопштението на Македонската асоцијација на новинари.
Од таму изразуваат и жалење поради тоа што, секое изборно Собрание на ЗНМ минува со интерни обвинувања за забрани, за притисоци, скандали, за сомнителни пребројувања и сомнителни резултати.