Четири години посветено работиме и на подобрување на образовната инфраструктура. Заедно со централната власт континуирано вложуваме во подобри услови за настава на учениците. Во Ѓорче Петров во моментов се доградуваат две основни училишта, подрачното Димитар Поп Геогриев Беровски во Хром и Тихомир Милошевски во Ново Село. А градежни зафати се изведени на сите објекти на училиштата, вели Александар Наумоски
„Таа силна динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините.
Најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот.
Во Ѓорче Петров за прв пат од формирањето на општина градиме ново основно училиште со современа спорстка сала, лоцирано во населбата Александрија.
Неговата градба се очекува да зпочне во 2023 а да финишира за две години. Капацитетот на училиштето е за 500 ученици, а со него се обезбедува основната инфраструктура децата од оваа брзорастечка населба.
Почитувани,
Нашата програма е реална и остварлива, темелена на факти и на реализирани проекти .
Го имаме Најдоброто за Ѓорче Петров, а тоа е бројот 12“, вели тој.