Македонија

Се соблекуваше по реалити шоуа, па пееше, за сега да учествува на локалните избори и да биде политичар

Дарко -Спејко некогашниот победник од „Големиот брат“, медиумска ѕвезда, машки топ модел, моден блогер, инфлуенсер и рапер, сега влегува во политиката.

Тој е кандидат за член на Совет на Општина Куманово на независната листа чиј носител е Ивана Ѓорѓиевска.

-Во Куманово ме знаат како голем поборник за напредок во спортот, и токму тоа беше главниот мотив да се кандидирам, со поддршка од актуелниот и независен кандидат за градоначалник, Максим Димитриевски. Ниту на една, ниту на друга страна, туку на независна листа, бидејќи сум подготвен да се борам на свој начин за да донесам промени и напредок на полето на спортот – вели Дарко, кој работи како професор по физичко воспитување во основно училиште во Куманово, вели Спејко во интервју за „Фокус“

Тој во Куманово имаше своја кошаркарска школа „Ball for life“, а исто така Спејко е спортски директор на Кошаркарскиот клуб Куманово.

„Завршувам со шоу бизнисот, не сакам да им го земам лебот на музичарите, а стекнатата популарност сакам да ја искористам на еден поинаков начин. Имам премногу идеи и конкретни проекти со кои спортот би одел напред, и Куманово ќе испише убава приказна. Влегувам сериозно во политика, подразбирлива беше и промената на имиџот. Мојот пат кон популарноста беше доста тежок, но како што се изборив за свое место во шоу бизнисот, верувам дека истото ќе го сторам и во политиката, – раскажува Дарко.

Целото интервју можете да го прочитате тука

На почеток