На 15.12.2018 година околу 19,10 часот во Охрид на улица „Расоица Новачки“ К.П.(30) од село Горно Лакочереј, охридско управувајќи патничко моторно возило „Ланчиа“, со охридски регистарски ознаки, удрил во пешак Б.Н.(55) од Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Н. кој по укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.