Најмалку 12 лица се повредени во сообраќајна несреќа во провинцијата Хабаровск, на крајниот исток на Русија, изјави регионалната сообраќајна полиција за ТАСС.
Според првичните информации, возачот на патничкиот автобус, во кој имало 30 лица, изгубил контрола во саботата, а автобусот паднал во ендек.
Во соопштението на регионалната полиција, кое се повикува на прелиминарни информации, се наведува дека 12 лица побарале помош по несреќата.
Сите повредени се префрлени во болница во едно село, се додава во соопштението.
Во несреќата нема жртви.