Коронавирус

Српски доктор: Ова е „последен танц со короната“, нема избор освен рестрикции

Ова е последниот танц со короната, сите ќе се заразиме“, предупредува Радмило Јанковиќ, заменик директор од клиниката во Ниш. Според него, мора да се преземат многу строги мерки, да се ограничи движењето, јавните собири, контактите на граѓаните за да се сузбие ширењето на вирусот.

Во изјава за „Телеграф“, тој вели дека овие денови се последните во кои би вредело да се преземаат радикални мерки, повикувајќи ги властите да спречат преголем притисок врз здравствениот систем поради огромниот број пациенти кои имаат сериозни симптоми.

– Сега ситуацијата е толку драматична што одиме на тој последен танц со короната. Ова ќе биде последниот бран што ќе ги зарази сите. Покрај тоа што невакцинираните ќе бидат заразени, имаме и тест за имунитетот на старите лица кои се вакцинирани.

Тој додава дека вистинската слика за заразените е многу полоша и многу поопасна од официјалната, но не затоа што нешто не е официјално објавено, туку затоа што има голем број заразени и асимптоматски носители на вирусот кај младите луѓе.

На почеток