Скопје

Тефик Махмут до Маричиќ: И Ромите од Шутка знаат убаво да зборуваат, ама не сте навикнати да се образуваат

Тефик Махмут, кандидат за градоначалник на Шуто Оризари од Левица, на социјалните мрежи упати критика до Бојан Маричиќ.

„Bojan Maricik ми доаѓаш на улица, им кажуваш на луѓето дека ме познаваш и дека на Шутка не и требаат “градоначалници што убаво зборуваат”.
Како тоа, вие вака елитен, обрзован и убав ја имате компетентноста да зборите што и треба на Шутка?
Знам дека не сте навикнати на Роми од Шуто Оризари што “убаво зборуваат”, знам дека не сте навикнати на Роми што се образуваат, и знам дека не сте навикнати на некој од тука да биде различен од генералната лоша слика за ромите во Македонија.
Тоа време помина, Бојане!
Имаме образовани Роми!
Имаме елоквентни Роми!
Ти имаш магистрирано во UCL што е на 8/10то место, јас имам магистрирано на University of Oxford што е на прво место.
Еее Бојане! Дури подобар од некој што ви е најдобар“, стои во објавата.

На почеток