Македонија

Не може Бугарите да го ослободат Куманово, баба ми на 94 години е жив сведок за тоа, вели Димитриевски

Актуелниот градоначалник и независен кандидат за Куманово, Максим Димитриевски во гостување за „Утрински брифинг“, потсети на причините за кои во изминатите години се спротивставил со свој став за одредена проблематика.

-Ако се сеќавате првпат кога беа поделени парите од Фондот за иновации на свои блиски компании, јас тогаш првпат реагирав. Потоа, кога се случи фамозната набавка на реагенси во Министерство за здравство за околу 40 милиони евра и тогаш реагирав, па се поништи таа тендерска постапка. Подоцна имавме состојба за којашто изнесов свое мислење во делот на она што значи менување на половите. Јас немам против ништо, ЛГБТ заедницата, секој има право да живее на свој начин, но да плаќате од Фондот за такви работи, а притоа во Куманово да немате мамограф е апсолутно неприфатливо. На крајот, короната си го кажа своето. Некои правила важеа за други градови, на пример за Дебар, а за Куманово немаше изолација. Се зборуваше дека ќе имаме 2.000 позитивни случаи, ја гледате бројката. Одамна смртни случаи ја помина таа бројка. И тогаш, ме
ставија во самоизолација, поднесуваа кривични пријави. Имам континуиран став. Чашата ја прелеа прашањето околу тоа кој тоа го ослободил Куманово. Не може Бугарите да го ослободат Куманово, бидејќи овие споменици кои се околу нас, всушност се направени во чест на тие кои загинале од бугарскиот фашистички окупатор. Имам сопствени ставови и го застапувам својот град. Не можеме да избегаме од нашата етно генеза. Таа е нашата жива историја. Баба ми има 94 години, живи сведоштва имаме во Куманово и треба да го промениме ставот? – праша Димитриевски.

На почеток