Магазин

Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

Mилиони корисници на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап во моментов имаат проблеми со овие популарни апликации.

Трите апликации кои се во сопственост на Фејсбук целосно престанаа да работат нешто пред 17 часот. Други апликации што се дел од Facebook Workplace, исто така престанаа да работат.

Прекините на Фејсбук се случуваат ретко, но имаат големо влијание, бидејќи се три од најкористените апликации во светот.

На почеток