Македонија

Градоначалник нападнат, интервенирала полиција за да го одбрани

Градоначалникот на Лозово Ацо Велковски во полиција пријавил загрозување на сигурноста во село Каратманово.

Од МВР денеска соопштија дека во саботата околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе А.В., градоначалникот на општина Лозово пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ во с.Каратманово, светниколско, од страна на С.С.(47) од ова село, кој во С. Каратманово тргнал кон него со метален предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се посочува во информацијата од МВР.

На почеток