Скопје

Марко од ООУ „Браќа Миладиновци“ државен првак во тенис

Петтоодделенецот Марко Алексовски од ООУ „Браќа Миладиновци“ неодамна стана државен првак во тенис во категорија до 12 години.

Иако Марко има само 10 години и веќе е државен првак, тој продолжи да ги освојува турнирите низ нашата земја и да ги потврдува успесите. Пред два дена освои прво место на турнирот во Куманово во категорија до 12 години.

Успехот на Марко е уште една потврда дека напорите на Општина Аеродром за унапредување на спортскиот живот на младите даваат резултати.

На почеток