Македонија

Глас за Македонија: Вчера беше забранет уредно пријавен протест на движењето Бојкотирам

Во стилот на црна диктатура, во саботата на 15 декември, беше забранет уредно пријавен протест на движењето #Бојкотирам уставни промени, чија активна членка е партијата ГЛАС за Македонија. Со тоа е згазено нашето уставно гарантирано право на мирен протест, велат од партијата Глас за Македонија.

„Изразуваме гнев кон црните орди кои решиле по секоја цена да го спречат народот да го изрази своето незадоволство од насилното менување на Уставот, промената на името на државата и од корумпираниот процес кој е во тек.

Ние нема да дозволиме да бидеме замолчени во овие критични моменти. За овој против уставен акт кон граѓаните, ќе бидат поднесени кривични пријави, ќе поднесеме жалба до Уставиот суд, ќе бидат информирани сите амбасади и ОБСЕ. Ако треба ќе се жалиме и до судот во Стразбур. Паралелно со правната битка, најавуваме дека протести и инсталации на нужна опрема ќе има на многу места и ништо нема да може да ги спречи. Најмалку, имбецилните оправдувања дека од Кампусот Македонија инсталиран пред зградата на Владата, истата ќе сме ја гранатирале. Прашуваме, дали од страв од народот сеуште не е тргната оградата пред Владата?

Потсетуваме дека “шарените“ со месеци протестираа во инсталиран камп пред истата таа зграда, блокирајќи ги двете насоки на булеварот. Ако тоа беше “режим“, како може да се нарече оваа странска инсталација која од народот бега како ѓавол од крст?

Протести допрва ќе има, со дозвола или без неа. Впрочем нека го прочитаат Законот за протести каде пријавувањето на протести е ставен со “може“ да биде пријавен, но не мора. Полицијата нека се позанимава со секојдневните пукотници и мафијашки пресметки, а не со мирниот народ кој си ја бара правдата. Оградата чекаме да биде тргната“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток