Македонија

Одржано четвртото Собрание на ПОЕН, избран новиот извршен одбор на партијата

Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН, денес го одржа своето 4-то редовно Собрание, во хотелот „Арка„ во Скопје.

На присутните над 200 делегати и гости, покрај претседателот на ПОЕН се обратија уште министерот Едмонд Адеми, кој што ги поздрави присутните во име на коалициониот партнер СДСМ и другите коалициони партнери, пратеничката од Република Косово од редовите на Бошњачката заедница Емилија Реџепи, а преку видео-порака и Павлос Воскополус од партијата на Македониците во Грција „Виножито“.

На Собранието се усвои новата програмска платформа на ПОЕН, со што акцент во политичкото делување на партијата се дава да луѓето во Македонија живеат во безбедна, стабилна и економски просперитетна држава во која ќе владеат социјален мир, општествената правда и кохезија,  со воспоставени стандарди на мултикултурното општество, засновано врз стабилни интеркултурни односи, со демократски политички систем, со владеење на правото и со почитување на темелните човекови права, слободи и достоинство.

Собранието избра членови на новиот Главниот одбор на Партијата, а потоа се избраа и потпретседатели, секретар и членови на Извршниот одбор (ИО)  на ПОЕН. Новиот состав на Извршниот одбор на ПОЕН  е следниот.

  1. Проф. д-р Рубин Земон (претседател на ПОЕН).
  2. Дијана Марковиќ (претседател на Главниот одбор на ПОЕН)
  3. Димитар Илиевски (потпретседател на ПОЕН)
  4. Милан Тоцев (потпретседател на ПОЕН)
  5. Медо Балиќ (секретар на ПОЕН )
  6. Проф. д-р Ѓорѓи Тоновски (член на ИО)
  7. М-р Ирена Оровчанец (член ИО)
  8. М-р Симона Ристевска (член ИО)
  9. Благоја Костовски (член ИО)
  10. Никола Шалваринов (член ИО)
  11. Мирослав Анастасов (член ИО)
  12. Гоце Величковски (член ИО)
  13. Аднан Ашимоски (член ИО) и
  14. Љупчо Петровски (член ИО)
Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток