Коронавирус

Илјадници неискористени вакцини пронајдени во канал во Египет

Египетското обвинителство денеска објави дека наредило апсење на три лица откако во водниот канал биле пронајдени илјадници неискористени антивирусни вакцини.

Се наведува дека дозите биле доделени на здравствената управа на градот Мина, околу 220 километри јужно од Каиро, каде исчезнале 18.400 пакети вакцини во вредност од околу 320.000 долари, објави Ројтерс.

Потоа беше утврдено дека речиси 5.000 пакети се изгубени од складиштето поради складирање на несоодветни температури, се вели во соопштението на обвинителството.

Бројот на дози или видови на вакцина не беше наведен, но неодамнешната официјална изјава рече дека тоа е Синофарм.

На почеток