Недостатокот на визуелниот анализатор не го дефинира детето, тоа го прават можностите и потенцијалот и без оглед кои сме, низ се што поминуваме и како себе се идентификуваме, сите имаме исти права и слободи.
За почетокот на одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап ќе истакнеме дека нашето искуство на терен и стручните истражувања покажаа дека многу работи треба заеднички да ги направиме за да го оствариме присуството на лицата со оштетен вид во општеството, велат од коалицијата менуваме.
„Ако мислиме на потешкотиите, треба да размислуваме длабоко за да го видиме нивниот потенцијал и да им овозможиме достоинствено да го развијат.
Ако мислиме на пречките, треба да размислуваме подлабоко за да го негуваме и да го развиваме пријателството.
Наместо да ги сожалуваме семејствата на децата со оштетен вид, подобро ќе биде да им оддадеме признание и почит за нивната љубов и сила и безрезервно да ги поддржуваме. Тие се борат за секој нивни нов чекор.
Ако видиме слабост и тешкотија, треба да погледнеме подобро за да би ја виделе храброста и нивната љубов.
“ЕДИНСТВЕНА ПРЕЧКА ВО ЖИВОТОТ Е НЕГАТИВНИОТ СТАВ”
Позитивниот став, е тој е потребен. Ставот е мал чинител кој што прави големи разлики
Да се родиш и да живееш со слепилото е огромен предизвик и дефинитивно животот не е воопшто лесен, но тој живот е исполнет со посебна инспирација, без оглед на потешкотиите низ кои поминува слепото лице.
Честопати помислувате дека таа личност е немоќна , дека тешко ќе ги оствари замислените цели, дека се попречени во многу сфери на животот токму заради недостатокот на вид. Има и такви кои што гледаат сила во слепата личност и честопати минувачот си го поставува прашањето: Дали животот со недостаток на вид има смисол?
Да, почитувани, има затоа што многу личности со недостаток на визуелен анализатор се запишани во историјата на човештвото кои успеале со своите дела да и денес ги спомнуваме како рамноправни личности на светската сцена.
Можеби не се многу, можеби други немале поддршка од семејството, од средината во која живееле, немале пристапност, но не се ОТКАЖАЛЕ. Се бореле и се борат секој на свој начин, создале свој свет, биле поинакви и специфични, ама го сменија Вашиот свет и оставија зад себе неизбришлив печат, останаа во својот свет а го променија Вашиот свет и Вашите видици.
НАМ НЕ НИ Е ПОТРЕБНО СОЖАЛУВАЊЕ, НИТУ СОЧУВСТВО, НИТУ ПОТСЕТУВАЊЕ ДЕКА СМЕ РАНЛИВИ.
МОРА ДА БИДЕМЕ ТРЕТИРАНИ КАКО ЕДНАКВИ-А КОМУНИКАЦИЈАТА Е ПАТОТ СО КОЈ ШТО ТОА МОЖЕ ДА СЕ ПОСТИГНЕ
ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ Дали некогаш сте се обиделе да влезете во чевлите на другите, да влезете во нивната кожа и да искусите едн миг од нивниот живот?
Ве покануваме да ги затворите очите и да направите нешто што го правите секој ден.
Како млади лидери, членови на Коалицијата Менуваме
ве предизвикуваме да создадете видео со ЗАТВОРЕНИ ОЧИ
токму вие да ни помогнете заедно да бидеме чекор поблиску до општество без граници.
Целта на ПРОЕКТОТ е будење на свеста за животот на оние млади со попречен вид и нивна поголема социјално присуство.
Предизвик кој ќе ве натера да видите нешто иако не гледате.
Овој предизвик е продукт на иницијатива која е дел од проектот „РЕХАБИЛИТАЦИЈА БАЗИРАНА НА ЗАЕДНИЦАТА“, се велуи во соопштението.