Магазин

Вин Дизел ја одведе ќерката на Пол Вокер до олтарот

Медоу (22), ќерката на трагично загинатиот актер Пол Вокер, се омажи за глумецот Луи Торнтон Алан. До олтарот ја одведе најдобриот пријател на нејзиниот починат татко, Вин Дизел, кој бил и кум на свадбата.

Манекенката на својот инстаграм-профил објави неколку слики и видео од венчавката. Таа и Луи се венчаа три месеци по свршувачката.

„Се венчавме“, напиша Медоу.

Пол Вокер, ѕвездата на „Брзи и бесни“, почина 2013 година, неколку недели пред 15. роденден на Медоу.

На почеток