Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека член на нивната партија, воедно и советник во општина Аеродром бил нападнат, додека група активсти на СДСМ уништувале билборди на нивните кандидати за локалните избори.
– Вчера во Скопје е нападнат советник на ВМРО-ДПМНЕ, советник од општината Аеродром, воедно претседател на општинскиот младински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерта еден час по полноќ. Во тоа време група предводена од директорот на ЗОО Скопје, директор поставен од Петре Шилегов, познат како Чомбе, при присуство на полиција, води група за оштетување на изборните билборди на ВМРО-ДПМНЕ, што е најстрого забрането со закон.